Нашата приказна
Нашата приказна со овој бизнис започна уште во 2021-та година. Уште од почетокот нашата цел е да го разубавиме и засладиме денот на нашите потрошувачи со нашите производи – како солени, така и благи.
Покрај нашите посебни залаци, ние сме познати и по тоа што организираме и хуманитарни акции каде што со сè срце се трудиме да измамиме насмевка и на најмалите кои поради одредена околност не биле во можност да пробаат од нашите производи.
Мислиме на сите, па така во нашето мени воведовме и вкусни интегрални и протеински залаци (healthy bites) за нашите спортисти и оние кои внимаваат на исхраната.
Како што веќе напоменавме, мислиме на сите – па така не ги изоставивме и милениците кои се исто така добредојдени.
Ве повикуваме во нашиот локал каде што ќе бидете топло пречекани со топла насмевка, но и топла и вкусна храна.